Изложба „Креативност против корупцијата“ во училиштето „Таки Даскало” во Битола
- Во училиштето „Таки Даскало” во Битола денеска ќе биде организирана изложба „Креативност против корупцијата“ на која ќе бидат претставени делата на учениците од ова училиште. Изложбата има за цел да ја искористи моќта на креативноста за да ја подигне свеста за сеприсутното влијание на корупцијата врз општеството.
Битола, 20 декември 2024 (МИА) - Во училиштето „Таки Даскало” во Битола денеска ќе биде организирана изложба „Креативност против корупцијата“ на која ќе бидат претставени делата на учениците од ова училиште. Изложбата има за цел да ја искористи моќта на креативноста за да ја подигне свеста за сеприсутното влијание на корупцијата врз општеството.
Посетителите на изложбата ќе имаат можност да погледнат 20 дела кои предизвикуваат размислување, а секое нуди единствена перспектива за корупцијата и нејзините последици.
Како што соопштија организаторите, на изложбата ќе бидат доделени и награди, каде што најдобрите дела ќе бидат наградени со прво, второ и трето место за креативност и општествен ангажман.
Оваа изложба се организира во рамките на малата грант програма на проектот: Зајакнување на утрешните лидери: Алумни-младинско партнерство за застапување на граѓански вредности, поддржана од Амбасадата на САД во Скопје и Македонско-американската алумни асоцијација.бт/вг/
Фото: МИА Архива