• четврток, 18 јули 2024

Излезни анкети од изборите во Бугарија: ГЕРБ води со околу 30 % освоени гласови, пред ПП/ДБ и ДПС со близу 15 %

Излезни анкети од изборите во Бугарија: ГЕРБ води со околу 30 % освоени гласови, пред ПП/ДБ и ДПС со близу 15 %

Софија, 9 ноември 2024 (МИА) - Излезните анкети од денешните двојни избори во Бугарија - за Националното собрание и за Европскиот парламент, покажуваат дека најмногу гласови, меѓу 28 и 30 отсто, ќе освои ГЕРБ на поранешниот премиер Бојко Борисов, а за втората позиција со освоени близу 15 проценти се борат коалицијата „Продолжуваме со промените/Демократска Бугарија“ (ПП/ДБ) на Кирил Петков и Христо Иванов и Движењето за права и слободи (ДПС), предводено од Делјан Пеевски. 

Националистичка партија „Преродба“ на Костадин Костадинов ќе има меѓу 12 и 14 отсто, Бугарската социјалистичка партија (БСП) околу 10, а Има таков народ (ИТН) на шоуменот Слави Трифонов меѓу 5 и 6 проценти од гласовите. 

Резултатите од излезните анкети се слични и за Националното собрание и за Европскиот парламент, во кој на Бугарија и припаѓаат 17 пратенички места.

Само 169 лица од Северна Македонија се пријавиле да гласаат на парламентраните избори во Бугарија што ќе се одржат на 2 април, објави бугарското Министерство за надворешни работи.

Според последните податоци на Централната изборна комисја, излезеноста до 16 часот била 20,44% за Националното собрание и 20,89% за Европскиот парламент.

Право на глас на изборите за Националното собрание имаат 6.593.275 гласачи, а за пратеници во Европскиот парламент 6.138.050. 

Надвор од Бугарија се гласа во 60 земји, на 769 избирачки места. Бугарите во странство можат да гласаат на 166 избирачки места во Турција, на 118 во Обединетото Кралство, 103 во Германија, 64 во Шпанија, 55 во САД, 28 во Грција, 27 во Италија, 24 во Холандија, 16 во Канада, 15 во Франција, на шест во Сверна Македонија, на четири во Србија,...

Избирачките места ќе бидат отворени до 20:00 часот.са/

Фото: ЕПА / МИА

Остани поврзан