• петок, 10 мај 2024

Издадено национално предупредување откако кинески сателит беше откриен над Тајван

Издадено национално предупредување откако кинески сателит беше откриен над Тајван

Тајпеј, 9 јануари 2024 (МИА) - Министерството за одбрана на Тајван денеска издаде предупредување дека Кина лансирала сателит над јужниот дел на островот и ги повика жителите да бидат претпазливи.

Тоа беше првпат Министерството да издаде такво предупредување низ целата земја поради кинеските сателити. Во минатото само издаваше редовно соопштение.

Премиерот Чен Чиен-Џен рече дека владата има обврска да ја извести јавноста за таквите потенцијални закани.

Во своето првично предупредување, министерството ненамерно го употреби зборот „проектил“ во својата англиска верзија, грешка што подоцна ја поправи во „сателит“, јави ДПА.

Предупредувањето дојде за време на прес-конференција за меѓународните медиуми дадена од министерот за надворешни работи Џозеф Ву денеска попладне, каде што го осуди кинеското мешање во претстојните избори во Тајван.

-Тие сакаат да го користат Тајван како полигон за тестирање. Ако успеат успешно да ги обликуваат резултатите од изборите во Тајван, ќе се обидат да ја применат својата тактика на други земји. Ако се толку заинтересирани да си играат со демократски избори, треба да почнат да прават свои демократски избори, рече Ву.

Од 1 јануари Тајван откри 20 кинески балони над Тајван во осум последователни дена. Половина од нив го прелетале островот, покажуваат податоците објавени од Министерството за одбрана.

Секојдневно се откриваат и кинески воени авиони и бродови на кинеската морнарица. мс/

фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан