• понеделник, 23 декември 2024

Изгореа складишта за нафта во Ростовската област по напад со дронови

Изгореа складишта за нафта во Ростовската област по напад со дронови

Москва, 18 јуни 2024 (МИА) - Складишта за нафта горат по напад со дронови рано утринава во градот Азов, што се наоѓа во руската Рорстовска област, соопштија руските власти.

-Според прелиминарните податоци, нема жртви, напиша гувернерот на Ростовската област, што граничи со Украина, Василиј Голубев на Телеграм.

Руското Министерство за вонредни ситуации објави на Телеграм дека десетици пожарникари се вклучени во гаснење на пожарот.

Засега западни медиуми не можат да ја потврдат информацијата и дека од Украина нема информации. Киев често вели дека ударните локации на руската енергетска, воена и транспортна инфраструктура негативно влијаат на воените способности на Москва.

Градот Азов се наоѓа на реката Дон, на околу 16 километри од Азовското Море. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан