• петок, 22 ноември 2024

Извршен увид по пукањето на булеварот „Никола Карев“

Извршен увид по пукањето на булеварот „Никола Карев“

Скопје, 27 мај 2024 (МИА) - Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, заедно со увидни екипи од МВР, во текот на ноќта извршиле увид на булеварот „Никола Карев“ каде со пукање од огнено оружје беше убиено едно лице, а две беа повредени.

Како што информира денеска Јавното обвинителство, издадени се наредби за вештачење на трагите прибирани од местото, а се преземаат и други дејствија.

Од Министерството за внатрешни работи инфрмираа дека работат на откривање на сторителите. Оттаму соопштија дека синоќа околу 23:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булевар „Никола Карев“ имало пукање, а во 23:45 часот, од Универзитетска клиника по хируршки болести „Св.Наум Охридски“ - Скопје било пријавено дека кај нив со повреди од огнено оружје бил донесен Т.А.(24) од Скопје.

- Во 23.51 часот, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со повреди од огнено оружје биле донесени О.Б.(19) и А.И.(29), двајцата од Скопје, каде што по укажаната помош, во 00.45 часот на 27.05.2024, А.И. починал, соопшти МВР. мд/бак/

Фото: МИА архива 

 

Остани поврзан