• петок, 05 декември 2025

Извршен самоубиствен бомбашки напад врз штаб на пакистанската паравоена единица

Извршен самоубиствен бомбашки напад врз штаб на пакистанската паравоена единица

Исламабад, 24 ноември 2025 (МИА) - Бомбаши-самоубијци го нападнаа штабот на пакистанската паравоена единица, при што загинаа тројца припадници на безбедносните сили и беа повредени најмалку 12 други.

Ниту една група не ја презеде одговорноста за нападот.

Сведоци за локалните медиуми изјавија дека слушнале две силни експлозии во краток временски период.

Областа околу Пешавар е оградена, а полициските екипи се на терен.

Петмина припадници на безбедносните сили и седум цивили се меѓу повредените, изјави официјален претставник.

Пакистанските власти го опишаа инцидентот како „спречен терористички заговор“, велејќи дека напаѓачите биле неутрализирани на портата на објектот пред да можат да влезат во просториите на безбедносните сили. мс/јт/

фото: МИА архива

Остани поврзан