• петок, 05 декември 2025

Извршена дератизација на градската канализација и депонијата во Делчево

Извршена дератизација на градската канализација и депонијата во Делчево

Делчево, 4 ноември 2025 (МИА) – Во Делчево денеска беше спроведена редовната есенска дератизација на градската канализациска мрежа и градската депонија, со цел спречување на ширење заразни заболувања и намалување на популацијата на глодари.

Активностите ги реализираа стручни екипи од ЈЗУ Центар за јавно здравје – Кочани, ПЕ Делчево, во соработка со претставници од ЈКП „Брегалница“ и овластени лица од Одделението за инспекциски надзор при Општина Делчево.

Според податоците од надлежните служби, третирани се над 80 канализациски шахти и градската депонија, со вкупно 35 килограми средство „Бродисан“ во форма на гранули и коцки. Средството е наменето за ефикасно неутрализирање на глувци и други глодари кои претставуваат потенцијални преносители на заразни заболувања.

Од Општина Делчево информираат дека оваа мерка се спроведува согласно со Програмата за заштита на населението од заразни и други заболувања, и дека дератизацијата се врши најмалку еднаш годишно на територијата на градот.

Главната цел на акцијата, како што посочуваат надлежните, е да се намали бројноста на глодарите кои, покрај што се носители на зарази, често предизвикуваат оштетувања на водоводни, телекомуникациски и електрични инсталации, како и материјална штета во домовите на граѓаните. вс/дма/


Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан