• вторник, 25 јуни 2024

Извори за француски медиуми: Фон дер Лајен поддржана за втор мандат како шефица на ЕК

Извори за француски медиуми: Фон дер Лајен поддржана за втор мандат како шефица на ЕК

Брисел, 25 јуни 2024 (МИА) - Лидерите на ЕУ кои ги претставуваат трите главни политички групи во блокот се согласија да ја поддржат актуелната претседателка на  Европската комисија Урсула фон дер Лајен за втор мандат, изјавија за француски медиуми извори блиски до разговорите.

Како дел од договорот за враќање на Фон дер Лајен, на кој се уште му треба одобрение од мнозинството од лидерите на блокот, естонската премиерка Каја Калас ќе стане шефица за надворешна политика на ЕУ, додека поранешниот португалски премиер Антонио Кошта ќе ја преземе функцијата претседател на Европскиот совет, изјавил изворот. зш/
фото ЕПА

Остани поврзан