• недела, 12 мај 2024

Извлечени паровите за плејофот во Конференциската лига

Извлечени паровите за плејофот во Конференциската лига

Нион, 18 декември 2023 (МИА) – Осумте парови од плејофот за пласман во осминафиналето во Конференциската лига попладнево беа одредени со жрепка во седиштето на УЕФА во Нион.

Паровите се Штурм – Слован, Сервет – Лудогорец, Унион Сент Жил – Ајнтрахт Франкфурт, Бетис – Динамо Загреб, Олимпијакос – Ференцварош, Ајакс – Бодо Глимт, Молде – Легија и Макаби Хаифа – Гент.

Првите натпревари се играат на 15 февруари, а реваншите на 22 февруари.

Победниците од осумте плејоф пресметки ќе им се приклучат во осминафиналето на Астон Вила, Клуб Бриж, Фенербахче, Фиорентина, Лил. Макаби Тел Авив, ПАОК и Викторија Плзен.

Финалето е на програмата на 29 мај во Атина. ег/мс/

ФОТО: „Х“

 

Остани поврзан