• петок, 13 декември 2024

Избор за „Жена на годината“

Избор за „Жена на годината“

Скопје, 13 декември 2024 (МИА) - По 5-ти пат денеска ќе се одржи националниот избор за „Жена на годината“ во Македонија (www.zenanagodinata.mk), во кој со свои номинации годинава учествуваа дури 437 интернет корисници. За финалистките од секоја категорија потоа гласаше жири комисија составена од претставници од медиуми, образовни институции и истражувачки агенции.

Организаторите на националниот избор, Маркетинг365 и Касиа Евентс, најавија дека покрај главниот лауреат за Жена на годината, ќе бидат избрани уште девет победнички во различни категории: во културата, спортот, науката, жена менаџер, млада менаџерка, инфлуенсерка, жена со трајни вредности, жена со придонес за општеството и жена со најдобар стил.

Свечената церемонија од изборот за „Жена на годината”, традиционално се надоврзува на конференцијата „Жени претприемачки” во која се велича претприемачкиот дух, посветеноста и достигнувањата на жените од нашата земја.

Конференцискиот дел на настанот кој ќе се одржи во Музеј на македонската борба во Скопје, ќе вклучи и предавања на истакнати жени од повеќе области и панел дискусија со наслов „Како жените си подаваат рака во бизнисот”.са/

Фото: Жена на годината

 

Остани поврзан