• понеделник, 23 март 2026

Изборот на нов врховен водач „нема да трае долго“, изјави ирански функционер

Изборот на нов врховен водач „нема да трае долго“, изјави ирански функционер

Техеран, 3 март 2026 (МИА) – Член на иранското Собрание на експерти, кое треба да го избере новиот врховен водач, вели дека процесот „нема да биде долг“, пренесува агенцијата ИСНА.

Али Моалеми изјави дека членовите на Собранието на експерти се заколнале дека при изборот на новиот водач, „личните преференции“ кон поединци или политички и партиски фракции „нема да бидат фактор“ и дека тие ќе гласаат врз основа на нивното расудување и во согласност со верските принципи.

- Собранието на експерти, како и во минатото, ќе избере личност како маченичкиот водач на Револуцијата-рече тој, мислејќи на врховниот водач Али Хамнеи, кој беше убиен во американско-израелски напад во саботата наутро. јт/сд/

Фото: ЕПА

Остани поврзан