ИЗБОРИ 2024/Раководството на СДСМ му дава поддршка на Пендаровски за нов мандат за претседател на државата
- Раководството на СДСМ попладнево донело одлука да поддржи втор претседателски мандат на Стево Пендаровски.
![ИЗБОРИ 2024/Раководството на СДСМ му дава поддршка на Пендаровски за нов мандат за претседател на државата](https://mia.mk/images/20240221185640_big_730x400_77.webp )
Скопје, 21 февруари 2024 (МИА) - Раководството на СДСМ попладнево донело одлука да поддржи втор претседателски мандат на Стево Пендаровски.
Партиски извори информираат дека попладнево на состанок на раководството на СДСМ е одлучено Стево Пендаровски да биде поддржан за кандидат за претседател на државата. Оваа одлука деновиве ќе се најде пред членовите на Извршниот и Централниот одбор на партијата. Наредните денови се веќе планирани средби со коалициските партнери, а на 3 - ти март ќе биде и официјалната промотивна конвенција.
-Пендаровски е победнички кандидат, со најголем коалиционен капацитет, кој заедно со СДСМ и со партиите од прогресивниот, демократски блок, силно ја споделува визија за европска иднина на државата. Тој во досегашниот мандат го врати интегритерот и кредибилитетот на институцијата Претседател и покажа што значи да се биде претседател за сите граѓани, велат од СДСМ. ев/са/
Фото: МИА архива