• понеделник, 23 декември 2024

Избори во Русија: „Единствена Русија“ освои мнозинство во сите региони

Избори во Русија: „Единствена Русија“ освои мнозинство во сите региони

Москва, 9 септември 2024 (МИА) - Кандидатите на владејачката партија „Единствена Русија“ убедливо победија на изборите за гувернери во регионите во Русија, покажуваат денеска објавените официјални резултати, пренесува ДПА.

Кандидатите на владејачката партија победија со убедливо мнозинство и ги добија сите изборни функции - вкупно 21. Гувернерот на северниот град Санкт Петербург, Александар Беглов, се претстави најслабо, според првичните резултати, со освоени нешто помалку од 60 проценти од поддршката на изборите.

Беглов се смета за непопуларен поради слабата работа на администрацијата на Санкт Петербург. Независни набљудувачи се жалат на силна вмешаност во управувањето на градот, каде што е роден рускиот претседател Владимир Путин. Официјалното броење на резултатите од изборите во Санкт Петербург сè уште не е завршено.

Во други региони, кандидатите на „Единствена Русија“ освоија близу 80 проценти од гласовите – на пример, Игор Бабушкин во Астраханската област со 78,17 проценти, и Владимир Владимиров во Ставрополскиот крај со 79,61 проценти.

Во делумно окупираната Курска област од украински војски, привремениот гувернер на областа, Александар Смирнов, доби 65 проценти поддршка. Посебни избирачки места беа отворени за приближно 120.000 евакуирани жители од областа.

На локалните избори одржани во петокот и саботата во Русија, беа избрани и членови на неколку регионални парламенти. Гласањето се смета за тест за поддршката на населението кон политиката на Кремљ, речиси две и пол години по почетокот на војната во Украина, истакнува ДПА.ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан