• четврток, 21 ноември 2024

ИДФ: Убиен командант на Хамас кој работел и за УНРВА

ИДФ:  Убиен командант на Хамас кој работел и за УНРВА

Ерусалим, 25 октомври 2024 (МИА) - Израелската војска соопшти дека убила командант на Хамас кој бил вклучен во напад на јужен Израел на 7 октомври 2023 година, а работел и за агенцијата за помош на ОН во Појасот Газа.

Израел ја обвини УНРВА дека има многу вработени кои исто така се членови на Хамас и други вооружени групи.

ОН по истрагата во август соопштија дека деветмина вработени во УНРВА најверојатно биле вклучени во нападите на 7 октомври и ги отпуштиле.

Израелската војска соопшти дека Мохамад Абу Итиви бил убиен во средата. За него се вели дека бил командант на Хамас и дека учествувал во убивање и киднапирање израелски цивили. Исто така, се наведува дека тој е вработен во УНРВА од јули 2022 година и дека неговото име е на списокот на вработени во агенцијата.

УНРВА потврди дека Итиви бил член на персоналот и бил убиен во средата.

УНРВА обезбедува образовна, здравствена и хуманитарна помош за милиони Палестинци во Газа, Западниот Брег, Јордан, Либан и Сирија. Долго време имаше затегнати односи со Израел, а тие се влошија од почетокот на војната во Газа. Израел постојано бараше распуштање на УНРВА. паг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан