• четврток, 04 декември 2025

Косово: Курти и Хамза разговараа за функционирањето на општините и соработката со Владата

Косово: Курти и Хамза разговараа за функционирањето на општините и соработката со Владата

Приштина, 9 јуни 2025 (МИА) – Премиерот на Косово Албин Курти и градоначалникот на општина Митровица, кандидат за премиер од Демократската партија на Косово, Бедри Хамза, денеска разговараа за функционирањето на општините и зајакнувањето на соработката меѓу владата и локалните власти за реализација на проекти што директно им помагаат на граѓаните, изјави портпаролот на владата во оставка, Перпарим Криезиу.

„По посетата и средбата со градоначалникот на општина Северна Митровица, Ерден Атиќ, премиерот Курти денеска го посети и градоначалникот на општина Јужна Митровица, Бедри Хамза. Разговарано е за работата на овие општини и соработката меѓу владата и општините за реализација на проекти во служба на граѓаните“, рече Криезиу.

Курти денеска учествуваше и на инаугурацијата на полициската станица на граничната полиција во селото Извор, во општина Звечан. ссм/

фото: архива

Остани поврзан