Трамп: Ако зависи од мене, гувернерот Њусом би бил уапсен
- Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека би го поддржал апсењето на гувернерот на Калифорнија, Гавин Њусом, поради наводното попречување на спроведувањето на имиграциските закони. Изјавата доаѓа во контекст на протестите во државата кои го натераа претседателот да распореди припадници на Националната гарда во Лос Анџелес.
Вашингтон, 9 јуни 2025 (МИА) - Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека би го поддржал апсењето на гувернерот на Калифорнија, Гавин Њусом, поради наводното попречување на спроведувањето на имиграциските закони. Изјавата доаѓа во контекст на протестите во државата кои го натераа претседателот да распореди припадници на Националната гарда во Лос Анџелес.
Во саботата, специјалниот претставник на Трамп за гранична контрола, Том Хоман, се закани дека ќе уапси секој што ќе им се спротивстави на имиграциските власти – вклучително и гувернерот Њусом и градоначалничката на Лос Анџелес, Карен Бас. Двајцата остро го критикуваа распоредувањето на гардата во градот.
– Да сум на местото на Том, ќе го направев тоа. Мислам дека тоа би било одлично. Гавин сака внимание, но ова би било одлично – изјави Трамп од Белата куќа.
Гавин Њусом, кој е член на Демократската партија, одговори преку социјалната мрежа Икс (поранешен Твитер):
– Се надевам дека никогаш нема да дојде денот кога американски претседател ќе повика на апсење на активен гувернер. Без разлика дали сте републиканец или демократ, тоа е граница што не смееме да ја преминеме – тоа е очигледен чекор кон авторитаризам.ссм/
фото: архива