• понеделник, 29 април 2024

ИДФ: „Огромно мнозинство“ балистички проектили соборени, „идентификувани неколку удари“ вклучително и врз база (ДПЛ)

ИДФ: „Огромно мнозинство“ балистички проектили соборени, „идентификувани неколку удари“ вклучително и врз база (ДПЛ)

Тел Авив, 14 април 2024 (МИА) – Израелската армија (ИДФ) издаде соопштение во кое информира дека пресретнала „огромно мнозинство“ од десетиците ирански балистички ракети кои беа истрелани кон Израел.

Ракетите биле соборени од системот за противвоздушна одбрана Стрела (Arrow) пред да успеат да навлезат во израелскиот воздушен простор.

„Идентификувани се неколку удари, меѓу нив во воена база на југот на земјата, со мала штета на инфраструктурата“, се вели во соопштението.

Многу десетици беспилотни летала и крстаречки ракети лансирани од Иран, исто така, биле соборени од борбени авиони, соопшти војската.

„Десетици авиони на воздухопловните сили во овој час продолжуваат да ги пресретнуваат сите воздушни закани што се движат кон територијата на државата Израел“, додаваат ИДФ.

Во меѓувреме, командата на Домашниот фронт соопшти дека Израелците повеќе не треба да останат блиску до засолништа што укажува дека иранскиот напад засега е завршен. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан