• среда, 15 мај 2024

ИДФ: Копнените сили извршиле рации во Газа во последните 24 часа

ИДФ: Копнените сили извршиле рации во Газа во последните 24 часа

Тел Авив, 13 октомври 2023 (МИА) - Израелската војска за прв пат соопшти дека копнените трупи оперираат внатре во Појасот Газа, пренесува Франс 24.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска соопштија дека тенкови и пешадиски сили влегле на територијата на Појасот Газа како дел од „локализирани рации“ со цел да се исчисти областа од можни терористи и да се лоцираат исчезнатите Израелци.

Војниците наводно убиле бројни терористи во таа област, вклучително и оние од ќелијата на палестинската милитантна група Хамас од каде што биле истрелани противтенковски ракети кон Израел, пишува Тајмс оф Израел, додавајќи дека војниците „не навлегле длабоко во Газа“.

Портпаролот на ИД, Даниел Хагари, тврди дека оклопните и пешадиските сили извршиле претреси и „спречиле тимови да оперираат со противтенковски ракети кои имале намера да се инфилтрираат на израелска територија“.

Најавата, меѓутоа, не изгледа како почеток на очекуваната копнена инвазија на Газа. 

Израел натрупува војници долж границата со Газа по смртоносниот упад на милитантите на Хамас од минатата сабота, додава Франс 24. сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан