• недела, 22 декември 2024

Иднината на Гатузо во Наполи зависи од резултатите со Аталанта и Јувентус

Иднината на Гатузо во Наполи зависи од резултатите со Аталанта и Јувентус
Неапол, 9 февруари 2021 (МИА) - Наполи овој месец може да го отпушти Џенаро Гатузо. Претседателот на клубот, Аурелио Де Лаурентис, ќе одлучи за иднината на 43-годишниот тренер врз основа на резултатите од натпреварите со Аталанта (во Купот на Италија) и Јувентус (во Серија А). Доколку резултатите се покажат незадоволителни, Гатузо најверојатно ќе биде разрешен, а на негово место може да бидат поканети Рафаел Бенитез или Валтер Мацари, кои веќе работеле во клубот. Претходно стана познато дека врската помеѓу Де Лаурентис и Гатузо се влоши. Претседателот на „наполитанците“ би сакал да го види Бенитез како тренер на тимот. Реваншот од 1/2 финалето во Купот на Италија (прв натпревар - 0: 0) Аталанта - Наполи ќе се одржи на 10 февруари, додека средбата Наполи - Јувентус е закажана за 13 февруари. зс/

Остани поврзан