• понеделник, 13 мај 2024

Ивановски со најдобар рејтинг на АТП-листата

Ивановски со најдобар рејтинг на АТП-листата

Скопје, 17 јули 2023 (МИА) – Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски направи скок од 39 позиции на АТП-листата. Тој го бележи својот најдобар пласман – 331-во место на најновата АТП-листа објавена денес.

 

Прогрес има и најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа која се најде на 224.место на ВТА ранг-листата. Ѓорческа напредуваше 25 места.

 

Лидер на АТП листата е Карлос Алкараз (Шпанија), пред Новак Ѓоковиќ (Србија) и Данил Медведев (Русија).

 

Кај тенисерките, прва е Ига Швјонтек од Полска, пред Арина Сабаленка од Белорусија и Елена Рибакина од Казахстан. зс/

 

Фото: Фејсбук

Остани поврзан