• вторник, 24 декември 2024

Зошто децата се менуваат „преку ноќ“?

Зошто децата се менуваат „преку ноќ“?

Лос Анџелес, 6 јyни 2024 (МИА) - Честопати се вели дека децата се менуваат „преку ноќ“... Тоа некако, особено важи за второодделенците, кои одеднаш стануваат тврдоглави и нерасположени, а сè уште не се ни тинејџери. Зошто тоа се случува кај деца на околу осумгодишна возраст, објаснува училишниот советник Зек Казабо.

- Во средното до доцно второ одделение, повеќето деца ја доживуваат својата прва голема промена во развојот. Тие тогаш почнуваат повеќе да се грижат за мислењето на своите врсници отколку за мислењето на нивните родители и возрасните. Оваа развојна промена е сосем нормална и е во согласност со развојот на мозокот на детето. Оваа промена, иако е тешка за родителите, всушност е голем чекор кон тоа децата да стекнуваат независност, појасни просветниот работник.

Неговиот совет до родителите е да се обидат да го поттикнат детето со поинаков разговор. Наместо, на пр., да му кажете да престане да прави нешто, прашајте го зошто го прави тоа за да може заедно да донесете заклучок, пренесува „Индекс“.

- На осум, девет години, децата ќе почнат да бараат поголема приватност и нема да споделуваат сè со Вас како порано. Одлична стратегија е да се биде индиректен. Ако ги прашате, на пр., за другарчињата, всушност, може да научите многу и за себе, истакна Касабо.  си/

Фото: МИА архива

Остани поврзан