• недела, 22 декември 2024

ЗНМ ја осудува непримерната комуникација кон новинарот Срѓан Стојанчов

ЗНМ ја осудува непримерната комуникација кон новинарот Срѓан Стојанчов

Скопје, 12 ноември 2024

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) ја изразува својата загриженост и ja осудува секоја форма на непримерна комуникација или јавен притисок кон новинарот Срѓан Стојанчов од ТВ Телма, кој известуваше за процесот на избор на кандидати за членови на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Непримерната и групна комуникација следеше по објавата на текстот „Втор обид за функција за Верзиволи и актуелна локална советничка кандидат за Советот на ААВМУ“ на веб-страницата на ТВ Телма, каде профил именуван како Фаик Демири на крајно навредлив и непримерен јазик изразува незадоволство за третираната тема.

Според колегата Стојанчов, кој денеска го извести ЗНМ дека на социјалните мрежи добил навредливи и крајно омаловажувачки коментари од страна на блиски роднини на потенцијалните кандидати за јавни функционери кои претендираат да бидат членови на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, главно тело за регулација на медиумите во земјава.

Секоја форма на притисок, навреда или омаловажување кон новинарите, особено кога е упатена од јавни лица или функционери, претставува напад врз слободата на медиумите и демократијата.

Новинарите имаат право и должност да известуваат за прашања од јавен интерес, особено кога тие се поврзани со именување на јавни функционери или одлуки кои влијаат на јавноста и медиумското опкружување во земјата. Нивната работа треба да биде заштитена од притисоци и закани кои можат да влијаат на слободата на изразување и демократското функционирање на институциите.

ЗНМ останува посветено на заштита на новинарите и слободата на медиумите и ќе продолжи да ги следи сите обиди за притисоци или манипулации насочени кон новинарите.

ЗНМ 

_________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: МИА архива 

Остани поврзан