„Зимска приказна“ во старата битолска чаршија и Офицерски дом
- Новогодишната програма „Зимска приказна“ организирана од Општина Битола продолжува со театарски претстави за деца, настап на фолклорни и рок групи од градот, а вечер ќе биде заокружена со дочек на новата година на платото од битолскиот Офицерски дом.
Битола, 31 декември 2024 (МИА) - Новогодишната програма „Зимска приказна“ организирана од Општина Битола продолжува со театарски претстави за деца, настап на фолклорни и рок групи од градот, а вечер ќе биде заокружена со дочек на новата година на платото од битолскиот Офицерски дом.
Според програмата, претпладне во старата битолска чаршија ќе бидат одиграни театарските претстави за деца „Снежна бајка“ и „Новогодишна ноќ“, а на платото пред Офицерски дом ќе бидат одиграни театарските претстави „Исчезнатиот Дедо Мраз“ и „Нововогодишна неизвесност“.
Вечерната програма почнува во 20 часот со настап на фолк музичарот Борче Наумовски, а од 22 часот до 1 часот по полноќ во рамки на музичкиот колаж „Ноќ на нови почетоци“ ќе настапат Андријана Јаневска, Зуица Лазова, Сузана Спасовска, Димитар Андоновски, битолскиот дувачки оркестар „Блезери“ и групата „Фонтана“. мт/хс/
Фото: МИА