• понеделник, 31 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Земјотрес почувствуван во Битола и околината

Земјотрес почувствуван во Битола и околината

Скопје, 28 март 2025 (МИА) - Земјотрес чиј епицентар потекнува од пограничното епицентрално подрачје Битола - Лерин, во Република Грција, на 125 километри јужно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда ML3.4, е регистриран утрово во 05 часот и 04 минути.

Според досегашните податоци со кои располага Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, земјотресот е почувствуван во Битола и блиската околина со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала. мч/дма/

фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан