• среда, 17 јули 2024

Зеленски ќе учествува в четврток на самитот на лидерите на ЕУ

Зеленски ќе учествува в четврток на самитот на лидерите на ЕУ

Брисел,  24 јуни 2024 (МИА) Украинскиот претседател Володимир Зеленски се очекува да присуствува на првиот ден од самитот на Европскиот совет во Брисел в четврток, изјави претставник на ЕУ за Политико.

Кабинетот на украинскиот претседател не ги потврди плановите за патување на Зеленски,поради безбедносни причини. Присуството на Зеленски во Брисел ќе биде поврзано со неколку европски иницијативи за Украина, вклучително и официјалниот почеток на преговорите за пристап во ЕУ што треба да започнат утре. зш/
фото ЕПА

Остани поврзан