• четврток, 26 март 2026

Зеленски ја повика Италија да инвестира во одбраната на Украина

Зеленски ја повика Италија да инвестира во одбраната на Украина

Рим, 10 јули 2025 (МИА) – Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека би бил задоволен доколку Италија инвестира во одбраната на неговата земја од Русија, додавајќи дека фокусот на Киев во моментов е на набавка на системи за противвоздушна одбрана (ПВО) и дронови.

Тој ѝ се заблагодари на италијанската премиерка Џорџа Мелони за организирањето на Конференцијата за обнова и реконструкција на Украина во Рим, истакнувајќи дека „заедно ја зајакнуваме иднината на Украина“.

- Наш главен приоритет во моментов е противвоздушната одбрана и производството на дронови, особено пресретнувачи. Би биле среќни да видиме италијански инвестиции во сè што денес ги штити животите во Украина и што ќе помогне во заштитата на Италија утре, напиша Зеленски на Х.

Тој додаде дека ја цени подготвеноста на Италија да го преземе покровителството во обновата на Одеса. јт/

Фото: Зеленски на Х

Остани поврзан