• вторник, 27 август 2024

Зеленски: Успешно ја тестиравме првата украинска балистичка ракета

Зеленски: Успешно ја тестиравме првата украинска балистичка ракета

Киев, 27 август 2024 (МИА) – Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Украина успешно ја тестирала својата прва домашна балистичка ракета.

- Можеби е прерано да се зборува за тоа, но сакам тоа да го споделам со Вас, истакна Зеленски на Форумот за независност на Украина 2024 што се одржува во Киев.

Тој им честиташе на украинската одбранбена индустрија на проектот, но не откри детали за ракетата. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан