• сабота, 20 април 2024

Зеленски: Украина ќе возврати на сите напади од Москва

Зеленски: Украина ќе возврати на сите напади од Москва

Киев, 22 март 2023 (МИА) - Украина ќе возврати на сите руски напади, изјави вечерва украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Изјавата доаѓа откако најмалку седум лица загинаа во напад со руски дрон во регионот на Киев и откако станбена зграда во градот Запорожје беше погодена од руски проектил.

- Одлучно ќе одговориме на сите напади на окупаторите врз нашите градови (..) Сите руски напади ќе добијат воен, политички и правен одговор, истакна Зеленски во своето секојдневно обраќање.

Претходно денеска, Зеленски ја посети линијата на фронтот во близина на градот Бахмут и се сретна со припадници на украинската војска. ссм/

фото: ЕПА архива

Остани поврзан