• недела, 16 март 2025

Зеленски: Украина тагува со нашите македонски пријатели на овој тажен ден

Зеленски: Украина тагува со нашите македонски пријатели на овој тажен ден

Киев, 16 март 2025 (МИА) – Украинскиот претседател Володмир Зеленски изрази сочувство до семејствата и најблиските на жртвите, претседателката Гордана Сиљановска Давкова и македонскиот народ, за трагедијата во Кочани.

- Трагична вест за смртоносен пожар во Кочани … Украина тагува со нашите македонски пријатели на овој тажен ден, напиша Зеленски на Х.

Тој на повредените им посака брзо закрепнување. јт/

Остани поврзан