• недела, 22 декември 2024

Зеленски: Со Рама разговаравме за обнова на Украина

Зеленски: Со Рама разговаравме за обнова на Украина

Тирана, 10 октомври 2024 (МИА) - Претседателот на Украина, Володимир Зеленски на социјалните мрежи објави дека за време на престојот во Хрватска во рамки на самитот „Украина-Југоисточна Европа“ остварил средба со албанскиот премиер Еди Рама.

Тој објави фотографии од средбата откривајќи детали од разговорот.

-Во Хрватска се сретнав со премиерот на Албанија, Еди Рама. Разговаравме за спроведувањето на Формулата за мир, подготовките за вториот мировен самит и патот на Украина кон ЕУ и НАТО. Исто така, разговаравме и за можните механизми за обнова на Украина. Благодарен сум му на премиерот за продуктивниот дијалог и континуираната поддршка“, напишал Зеленски, објавија албанските медиуми. вт/рп/

 

Остани поврзан