• петок, 22 ноември 2024

Зеленски: Секој удар од Русија ја побива секоја нејзина изјава за дипломатијата

Зеленски: Секој удар од Русија ја побива секоја нејзина изјава за дипломатијата

Киев, 11 ноември 2024 (МИА) - Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска дека Русија сака само продолжување на војната, па затоа на Украина и треба оружје за заштита од рускиот терор и зајакнување на дипломатските позиции.

„Русија сака само да ја продолжи војната, а секој нејзин удар ги побива сите нивни изјави за дипломатијата. На Украина и треба оружје за заштита од рускиот терор и посилна поддршка од светот за дипломатијата да стане реална и силна. Без принципиелни одлуки и силна поддршка Русија нема да има мотив да бара мир во Украина, туку само ќе бара нови цели“, напиша Зеленски на каналот Телеграм, во врска со рускиот ракетен напад врз Криви Рог во Днепропетровскиот регион, во кој беа повредени осум лица, меѓу кои две деца и уништен беше влез на петкатница.

Зеленски истакна дека Руската Федерација „го врши истиот терор секој ден и ноќ. Освен што се поголем број цивилни објекти стануваат мети“.

  Претседателот пријави седум жртви како резултат на ракетниот напад на Криви Рог, меѓу кои и две деца.

„Во тек е итна спасувачка операција, се прават максимални напори да се спасат животи. Можно е да има луѓе под урнатините“, рече Зеленски.

Канцеларијата на украинскиот јавен обвинител веќе пријави осум жртви, меѓу кои десетгодишно девојче и единаесетгодишно момче.

Поведена е предкривична истрага за прекршување на законите и обичаите на војната.сд/

фото:МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан