Зеленски повика на дополнителни санкции против Москва по ноќешниот руски напад врз Киев
- Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека само дополнителни меѓународни санкции би можеле да ја принудат Русија да прифати прекин на огнот, по руските напади со беспилотни летала и ракети врз Киев изминатата ноќ, во кои се повредени 15 лица.
Киев, 24 мај 2025 (МИА) - Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека само дополнителни меѓународни санкции би можеле да ја принудат Русија да прифати прекин на огнот, по руските напади со беспилотни летала и ракети врз Киев изминатата ноќ, во кои се повредени 15 лица.
- Само дополнителни санкции насочени кон клучните руски економски сектори ќе ја принудат Москва да прифати прекин на огнот, напиша Зеленски на социјалната мрежа X.
Тој ја обвини Москва дека е причина за продолжувањето на војната.
Ноќешниот напад е еден од најголемите комбинирани руски воздушни удари врз Киев од почетокот на војната во Украина во февруари 2022 година, а следува откако во изминатите неколку дена Украинците извршија околу 800 напади со дронови врз Русија, вклучувајќи го и главниот град Москва.
Вчера, рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека Москва соодветно ќе одговори.са/
Фото: МИА архива