• петок, 22 ноември 2024

Зеленски му се заблагодари на Моди што ќе испрати висока делегација на мировниот самит во Швајцарија

Зеленски му се заблагодари на Моди што ќе испрати висока делегација на мировниот самит во Швајцарија

Бари, 14 јуни 2024 (МИА) - Украинскиот претседател Володимир Зеленски по денешната средба во Италија со индискиот премиер Нарендра Моди, соопшти дека Индија ќе испрати делегација на „високо ниво“ на мировниот самит за Украина, што викендов ќе се одржи во Швајцарија. 

Зеленски и Моди, кои се сретнаа на маргините на самитот на Групата седум (Г7) во јужното италијанско одморалиште Борго Ењација, разговараа за трговијата, проширувањето на врските и подготовките за самитот, на кој Украина се надева дека ќе присуствуваат околу 100 земји и организации.

„Благодарност до премиерот Нарендра Моди што испраќа делегација на високо ниво на Самитот“, напиша Зеленски на Телеграм по нивната средба. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан