• среда, 19 февруари 2025

Зеленски го отфрли договорот со Вашингтон за украинските минерали

Зеленски го отфрли договорот со Вашингтон за украинските минерали

Минхен, 15 февруари 2025 (МИА)  - Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска во Минхен дека одбил да потпише договор со САД за украински минерали, нагласувајќи дека тоа не ја штити неговата земја во оваа фаза.

„Не ги овластив министрите да го потпишат договорот бидејќи тој не е подготвен. Според мене, тој не не заштитува нас“, рече Зеленски на маргините на Минхенската безбедносна конференција, додавајќи дека таков договор „мора да содржи безбедносни гаранции за Украина“.

„Сепак, се уште не ја гледам таа врска меѓу минералите и заштитата во документот“, додаде тој.

Американскиот државен секретар Марко Рубио во четвртокот изрази надеж дека ќе постигне договор за украинските минерали за делумно отплата на американскиот долг за помошта што и ја обезбеди на Украина за финансирање на нејзината војна против Русија. зш/

Остани поврзан