• сабота, 18 мај 2024

Зеленски ги посети војниците во близина на Купјанск и Лиман

Зеленски ги посети војниците во близина на Купјанск и Лиман

Киев, 3 октомври 2023 (МИА) – Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска соопшти дека ги посетил украинските војници на одредени локации во близина на градовите Купјанск и Лиман.

- Во посета сме на нашите бригади кои извршуваат борбени задачи во едно од најжешките подрачја – Купјанско-лиманскиот регион, напиша Зеленски на социјалните мрежи.

Тој додаде дека разговарал за оперативната ситуација и други прашања со командантите на бригадата.

Министерството за одбрана на Русија претходно денеска соопшти дека единиците на борбената група Запад на нејзината армија, со поддршка на авиони и артилерија, нанеле удари на персонал и опрема на четири локации во купјанскиот регион. јт/

Фото: Зеленски Фејсбук

Остани поврзан