• петок, 19 јули 2024

Зеленски бара од Британија да помогне во укинување на ограничувањата за ракетите со долг дострел

Зеленски бара од Британија да помогне во укинување на ограничувањата за ракетите со долг дострел

Киев, 19 јули 2024 (МИА) - Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска укажа на британскиот премиер Кир Стармер и неговата влада дека нивното оружје со ракети со голем дострел е клучно за напорите на Украина во нејзината војна против Русија.

Шефот на украинската држава е првиот странски лидер кој е поканет лично да се обрати во британскиот Парламент откако поранешниот американски претседател Бил Клинтон се обрати пред Парламентот во Лондон во 1997 година.

„Во моментов ни недостига главниот одговор на тоа прашање, а тоа се можностите со голем дострел“, рече Зеленски денеска на Даунинг стрит 10.

„Ве молам, убедете ги другите партнери да ги укинат ограничувањата“, рече шефот на украинската држава во врска со ограничувањата за употреба на оружје за удар длабоко на руска територија.

Во интервју за Би-Би-Си, Зеленски изрази надеж дека ќе ја разјасни можноста за користење на ракетите „Сторм шедоу“ испорачани од Велика Британија за да се напаѓаат цели во Русија.

Некои од сојузниците на Киев не сакаат да дозволат употреба на оружје со долг дострел, бидејќи тоа ризикува да го вовлече Западот во директен конфликт со Русија.

„Сторм шедоу“ е наведувана крстосувачка ракета со дострел од над 250 километри. паг/

Фото: ЕПА
 

 
 
 

 

 

Остани поврзан