• недела, 24 ноември 2024

Блинкен: Иран е способен да произведе фисионен материјал за нуклеарно оружје во рок од една недела

Блинкен: Иран е способен да произведе фисионен материјал за нуклеарно оружје во рок од една недела

Вашингтон, 19 јули 2024 (МИА) - Иран има капацитет да произведе фисионен материјал за производство на нуклеарно оружје во рок од една или две недели, изјави денеска американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

-Сегашната ситуација не е добра. Иран, поради раскинувањето на нуклеарниот договор, наместо барем една година да има капацитет за производство на фисилен материјал за нуклеарно оружје, сега е веројатно во рок од една или две недели откако ќе биде може да го стори тоа, рече тој на форумот во Колорадо.

Тој прецизираше дека Иран „се уште не развил оружје“. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан