• сабота, 27 јули 2024

Зелениот пазар Куманово ќе добие адаптиран простор за цветен пазар

Зелениот пазар Куманово ќе добие адаптиран простор за цветен пазар

Куманово, 26 мај 2023 (МИА) - Почна пренамената на простор кој ќе се користи за продавачите и производители на цвеќе во рамки на зелениот пазар Куманово, соопштија денеска надлежните од претпријатието. Цветниот пазар ќе биде дел од зелениот, со нова подлога и ќе се постави настрешница. Во моментов се поставуваат бекатон плочки.

- Во рамки на инфраструктурните активности кои се спроведуваат на булеварот „Трета МУБ“ и на улицата „Страшко Симонов“ на барање на ЈП „Пазаришта“ до општина Куманово, во моментов се спроведуваат и инфраструктурни активности внатре во пазарот, кој ќе бидат наменет за тезгите со цвеќе. Очекуваме нашите закупци да имаат соодветен простор за продажба на цвеќе, изјави директорот на ЈП „пазаришта“, Гзим Кадриу.

Сега, цветните тезги се наоѓаат пред ЈП „Пазаришта“ на булеварот „Трета МУБ“.

Инаку, во тек е реконструкција на улицата „Страшко Симонов“ и на дел од булеварот „Трета МУБ“, двете улици околу зелениот пазар. За оваа намена од општинскиот буџет одвоени се 11.594.793.87 со вклучен данок на додадена вредност. Договорот со избрана кумановска компанија е случен кон крајот на март, годинава.

Фото: МИА

Остани поврзан