• недела, 22 декември 2024

Зедер: Германците повторно мора да работат повеќе

Зедер: Германците повторно мора да работат повеќе

Минхен, 23 јуни 2024 (МИА) – Германците треба повторно да работат повеќе бидејќи германската економија бележи лоши резултати, смета премиерот на југоисточната германска покраина Баварија, Маркус Зедер, нагласувајќи дека другите земји станале економски поуспешни.

„Во Грција, на пример, сега има шестдневна недела, додека ние зборуваме за четиридневна недела. Нема да ги стигнеме на тој начин. Мораме повторно да работиме повеќе, но повеќе работа треба да се исплати“, изјави Зедер за „Билд“.

Според некои податоци, германската економија ја губи конкурентноста, а Зедер смета дека овие податоци се предупредувачки сигнал. Според лидерот на Христијанско-социјалната унија (ЦСУ), актуелната влада нема стратегија за решавање на економските проблеми.

„Помал просперитет значи опасност за стабилноста на Германија, смета Зедер, особено ако се земе предвид зголемената популарност на десничарската Алтернатива за Германија на истокот на земјата. „На нашата земја и треба економско чудо“, заклучи Зедер. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан