• недела, 22 декември 2024

Зградата на Музејот во Битола ќе има специјален лифт за лица со инвалидитет

Зградата на Музејот во Битола ќе има специјален лифт за лица со инвалидитет

Битола, 18 септември 2023 (МИА) - НУ Завод и Музеј-Битола во зградата каде се наоѓаат и се изложени најзначајни знаменитости, наскоро ќе има специјален лифт кој за лица со инвалидитет.

Инвестицијата е во рамки на проектот SMART4YOU2, а внатрешниот лифт ќе биде поставен од северната страна на зградата на Музејот, изјави за МИА, Мери Стојанова, директорка на НУ Завод и Музеј-Битола.

-На северната страна од зградата на Музејот ќе има специјален влез со лифт за инвалиди кој директно ќе води до постојаната поставка на вториот кат.  Досега нити едно лице со инвалидитет немало можност да ја посети постојаната поставка. Проектот е готов, обезбедени се финансиски средства и непречено ќе се врши реконструкција на објектот со која се опфатени собата со икони, собата со клавирите, ателјето и просторот на современа уметност, истакна Стојанова.

Најголем дел од зафатите ќе бидат во зимскиот период кога ќе намали интензитетот со туристи од странство.

-Во овој период од годината Музејот е исполнет со туристи од сите страни на светот. Доаѓаат гости од Турција, САД, Италија, Бугарија, Грција, Хрватска...Нашата цел е на секој посетител да му овозможиме пријатен и безбеден престој и посета на Музејот и затоа во овој период нема да се вршат градежни работи, а потоа интензивно ќе ги запазиме сите рокови, посочи Стојанова. мт/дма/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан