Зголемување на износот за мерките за првачиња и новороденчиња во Делчево
- Градоначалникот на Општина Делчево, Гоцевски, денеска ги потпиша решенијата за исплата на еднократен општински надомест за 91 прваче и 22 новороденчиња, во вкупна вредност од 376.629 денари. Мерката, како што изјави градоначалникот, е насочена кон поддршка на младите родители во периодите на раѓање на дете и започнување со образование.
Делчево, 18 ноември 2025 (МИА) - Градоначалникот на Општина Делчево, Гоцевски, денеска ги потпиша решенијата за исплата на еднократен општински надомест за 91 прваче и 22 новороденчиња, во вкупна вредност од 376.629 денари. Мерката, како што изјави градоначалникот, е насочена кон поддршка на младите родители во периодите на раѓање на дете и започнување со образование.
Гоцевски информира дека вкупниот број на новороденчиња во Делчево во тековната 2025 година изнесува 53, што, според него, претставува загрижувачки сигнал за состојбата со демографијата во општината.
Како дел од новите политики за поддршка на младите семејства, тој најави зголемување на еднократниот надомест за прваче и новороденче за 1.000 денари, односно во Буџетот за 2026 година исплатата ќе изнесува по 4.000 денари.
Гоцевски додаде дека општината ќе продолжи со креирање мерки кои ќе придонесат за подобар квалитет на живот и создавање услови за останување и развој на младите семејства во Делчево. вс/вј/
Фото: МИА