• понеделник, 23 декември 2024

Зголемен прометот во индустријата

Зголемен прометот во индустријата

Скопје, 15 февруари 2024 (МИА) -  Прометот во индустријата, вкупно, во декември 2023 година, во однос на декември 2022 година, е зголемен за 1,6 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во декември 2023 година, во однос на декември 2022 година, бележи пораст кај Капитални производи за 0,6 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 8,1 процент, а опаѓање кај Интермедијарни производи, освен енергија за 2,9 проценти и Tрајни производи за широка потрошувачка за 6,9 проценти.

Прометот во индустријата, вкупно, во декември во однос на ноември 2023 година, е намален за 14,2 проценти, а во периодот јануари – декември 2023 година, во однос на периодот јануари – декември 2022 година, е зголемен за 2,2 проценти.

На домашниот пазар, прометот во индустријата во декември 2023 година, во однос на декември 2022 година, бележи пад од 0,1 отсто.

Според главните индустриски групи, прометот во индустријата на домашниот пазар во декември 2023 година, во однос на декември 2022 година, е со пораст кај Капитални производи за 1,9 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 7,9 проценти, а опаѓање кај Интермедијарни производи, освен енергија за 10,2 проценти и Tрајни производи за широка потрошувачка за 7,4 проценти.

На странските пазари, во декември 2023 година, во однос на декември 2022 година, прометот во индустријата бележи зголемување за 2,3 проценти. Пораст има кај Капитални производи за 0,4 проценти, Tрајни производи за широка потрошувачка за 5,2 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 10,6 проценти, а опаѓање кај Интермедијарни производи, освен енергија за 0,8 проценти. лв/аа/

фото: МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан