• среда, 15 мај 2024

Зголемен прометот во трговијата на мало со автомобилски горива

Зголемен прометот во трговијата на мало со автомобилски горива
Скопје, 31 октомври 2022 (МИА) - Само трговијата на мало со автомобилски горива минатиот месец во споредба со септември 2021 година бележи зголемување, и номинално (за 59,9 отсто) и реално (за 24,6 проценти). Според Државниот завод за статистика, во групата Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун прометот е номинално зголемен за 13,7, а реално е намален за 7,4 отсто, во групата Трговија на мало, освен трговија со горива прометот е номинално зголемен за 7,7, а реално е намален за 6,3 проценти и во групата Трговија на мало со непрехранбени продукти прометот е номинално зголемен за 2,1, а реално намален за 4,9 отсто. мч/са/

Остани поврзан