• недела, 22 декември 2024

Зголемени трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување

Зголемени трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување

Скопје, 28 февруари 2024 (МИА) - Во четвртото тримесечје од 2023 година во споредба со третото тримесечје од 2023 година трошоците во
градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 3,2 отсто, трошоците за материјали се пониски за 1,5 отсто, а трошоците за вработените се повисоки за 11,2  процента.

Како што соопшти Државниот завод за статистика, во четвртото тримесечје од 2023 година, во споредба со четвртото тримесечје од 2022 година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се повисоки за 5,4 отсто, трошоците за материјали се пониски за 6,4 проценти и трошоците за вработените се повисоки за 29,8 отсто. мч/са/

фото: МИА архива

Остани поврзан