• петок, 10 мај 2024

За час и половина се распродадени 7,5 илјади билети за егзибицискиот меч на Алкараз против Баутиста Агут

За час и половина се распродадени 7,5 илјади билети за егзибицискиот меч на Алкараз против Баутиста Агут

Мурсија, 17 декември 2023 (МИА) - Сите 7.500 билети за егзибицискиот меч меѓу Карлос Алкараз и Роберто Баутиста Агут беа распродадени на денот на отворањето на продажбата.

Според „Еуроспорт“, продажбата започнала вчера во 12 часот, а приближно во 13:30 часот немало повеќе билети. Најевтиниот билет чини 5 евра.

Натпреварот ќе се одигра на 28 декември во Мурсија. 

Дваесетгодишниот Алкараз е втор на АТП ранг-листа, додека неговиот сонародник од Шпанија, Агут се наоѓа на 57. место. зс/

Фото: ЕПА  

Остани поврзан