• четврток, 25 декември 2025

За секој крводарител по едно шише вино, крводарителска акција во Кавадарци 

За секој крводарител по едно шише вино, крводарителска акција во Кавадарци 

Кавадарци, 25 декември 2025 (МИА) - Крводарителска акција, реализира денеска кавадаречкиот Црвен крст во соработка со Институтот за трансфузиона медицина и здруженијата „Жта“ и „Винотек“. Секој крводарител добива и црвено  вино од овие здруженија, во кои членуваат производители на вина и ракии. 

-Црвениот крст што ја покрива територијата на општините Кавадарци и Росоман, за оваа прилика имаше и посебно изненадување за екипата на ИТМ со која имаме прекрасна соработка. Во нашите простории на општо изненадување на сите, дојде познатиот Дедо Мраз, кој на членовите на екипата што ја спроведува акцијата, им подари по едно новогодишно пакетче, рече претседателот на Црвен крст, Димитар Каракулев. 

Секретарката на Општинската организација на оваа хуманитарна организација, Даниела Лазовска изрази благодарност до крводарителите кои спасуваат животи. Таа истакна дека по бројот на крводарувања, континуирано се на врвот во државата. Посака многу среќа за сите во иднина. 

Ова е трета ваква заедничка крводарителска акција, беше изразена желба да стане традиција. 

Претседателот на „Жта“, Панче Арсовски рече дека во рамките на предновогодишните празнувања, одлучиле на ваков начин да им се заблагодарат на крводарителите и на екипата на ИТМ. Затоа што, како што нагласи секој човек во животот, може да дојде во ситуација да има потреба од крв. свд/вј/

Фото: МИА

Остани поврзан