• среда, 14 јануари 2026

Вечерва главното дефиле на маските во рамките на Василичарскиот карневал во Куратица

Вечерва главното дефиле на маските во рамките на Василичарскиот карневал во Куратица

Охрид, 14 јануари 2026 (МИА) – Жителите на охридското село Куратица православниот празник Свети Василиј Велики - Василица го прославуваат со голем карневал под маски. Самиот маскенбал што од година во година добива на масовност, но и посетеност, започна синоќа со палење на василичарскиот оган на сред село, за церемонијата да продолжи низ ноќта со посета на василичарската група, предводена од зет, невеста, бајачот на домовите низ Куратица.

Централната манифестација во рамките на карневалот е предвидена за вечерва од 20 часот, со дефилето на маските пред гостите на средсело. 

Жителите на Охридското село Куратица се подготвуваат за годинашното издание на Василичарскиот карневал, информира здружението на граѓани „Свети Василиј“ и Месната заедница Куратица.  Според н

За гостите на карневалот домаќините и вечерва обезбедија од традиционалното јадење – варејнца, како и вино и топла ракија, сето тоа во рамките на голема сенародна веселба, збогатена со културно-уметничка програма и настап на познати фолк-пејачи, како и голем огномет.

Карневалот во Куратица веќе е етаблиран меѓу позначајните во државата, покрај струмичкиот и вевчанскиот. Жителите на Куратица велат дека карневалот е стар исто колку што е старо и селото. Непотврдени податоци говорат дека маскирањето во Куратица има традиција што датира од далечната 1575 година. аб/са/

фото/МИА архива

Остани поврзан