• петок, 22 ноември 2024

За седум месеци во Дебар судбоносното „да" го кажале 75 брачни другари

За седум месеци во Дебар судбоносното „да

Дебар, 16 август 2023 (МИА) - Од секторот за бракови при општина Дебар потврдуваат дека годинава е забележан раст на бројот на оние кои го кажале судбоносното "да".

- Во изминатите седум месеци од годинава регистрирани 75 бракови, наспроти истиот период минатата година кога имавме 48 бракови. Тоа секако и поради фактот што добар дел од иселениците кои престојуваат во родниот крај на вечна љубов се заколнуваат тука во нашата канцеларија, која функционира во општинската зграда, рече Афрдита Шахини од секторот за бракови при општина Дебар.

Според неа, поголемиот број се бракови на млади кои живеат во некоја земја на ЕУ, главно во Италија, Швајцарија, Германија, а потекнуваат од Дебар.

- Кога зборуваме за бракови  во општина Дебар мора да нагласиме дека жителите на селата Џепиште и Отишани имаат канцеларија на Управата за матична евиденција каде може да склучат брак. Таму се регистрирани девет бракови оваа година, зашто младите од овие две села најчесто тоа го прават во Дебар, нагласува Шаини.

Поради масовната миграција, години на ред бројот на бракови ни оддалеку не може да се спореди со претходно. Ако пред повеќе од една деценија имаше и околу 300 бракови годишно, сега во просек има по 100 бракови. вт/цр


Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан