• петок, 22 ноември 2024

Заштитата на новинарите и природата и странското влијание меѓу темите на јунската сесија на ЕП

Заштитата на новинарите и природата и странското влијание меѓу темите на јунската сесија на ЕП

Брисел, 10 јули 2023 (МИА) - Заштита на новинарите и активистите во Европската унија од неосновани и навредливи правни постапки е една од точките на дневниот ред на сесијата на Европскиот парламент што почнува денеска во Стразбур.

Како што јави специјалниот известувач на МИА од Брисел, европратениците денеска ќе дебатираат за новите правила за заштита на новинарите, медиумските организации, активистите, академиците, уметниците и истражувачите низ ЕУ од обиди да се замолчат преку неосновани и навредливи правни постапки. Гласањето за овие нови предлог-правила е предвидено за утре. 

Европратениците денеска ќе го разгледаат и Закон за реставрација на природата, предложен од Европската комисија, откако неговата предлог-верзија не беше поддржана од членовите Комитетот за животна средина. Пратениците ќе треба да се изјаснат дали целосно ќе ја отфрлат предложената регулатива од страна на ЕК или пак ќе ја усвојат со одредени измени.

Доколку се случи инвазија на Украина, Европската унија треба да го запре увозот на руски гас и нафта и да ја исклучи Русија од меѓународниот платежен систем SWIFT.

Пратениците ќе треба да се изјаснат и за  политичкиот договор постигнат меѓу Европскиот парламент и Советот на ЕУ околу Регулативата за поддршка на производството на муниција (АСАП), кој има за цел да ја забрза испораката на муниција и проектили за Украина и да им помогне на земјите членки не ЕУ да го надополнат својот арсенал. 

За денеска е предвидено европратениците да дебатираат и за новите правила за намалување на потрошувачката на енергија во ЕУ за најмалку 11,7 отсто до 2030 година, како и за новите правила на Унијата за станици за полнење и точење гориво за автомобили и камиони, чија цел е намалување на емисиите на штетни гасови во транспортниот сектор. Гласањето за двата предлога е предвидено за утре.

За утре се планирани и расправа и гласање за Законот за чипови на ЕУ, кој има за цел да обезбеди подобро снабдување со дигитални технологии преку зголемување на производството и иновациите во овој сектор, а со тоа и да се зајакне стратешката автономија и безбедност на Унијата. 

Европски парламент

Утре пратениците ќе дискутираат и за препораките на Специјален комитет на Европскиот парламент задолжен за анализа на состојбите за време на пандемијата со Ковид-19, кои вклучуваат начини и мерки за реакција при слични кризи во иднина. Со препораките, за кои треба да се гласа в среда, се бара зајакнување на Европската здравствена унија, поголема отпорноста на националните здравствени системи и зголемена парламентарна контрола на мерките, координацијата и солидарноста при евентуална идна пандемија.

В среда европратениците ќе расправаат и за резултатите од Самитот на ЕУ, одржан на 29 и 30 јуни, особено по последните случувања во Украина и Русија, како и за Предлог-резолуцијата за пребарување и спасување во Медитеранот. Тие ќе дебатираат и за реформите предложени од Специјалниот комитет за странско мешање, со кои се повикува на создавање на поефикасни системи за мониторинг и надзор за откривање на странско мешање во активностите на Европарламентот, како и за поголема транспарентност, интегритет и одговорност. Гласањата за Предлог-резолуцијата за пребарување и спасување во Медитеранот и за реформите за заштита на демократските институции и интегритетот на Парламентот се предвидени за в четврток.

По повод 28-годишнината од масакрот во Сребреница, предвидено е претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола да се обрати пред европратениците пред почетокот на утрешната сесија за гласање. сп/јт/

Фото: МИА Архива

 

 

Остани поврзан