• недела, 22 декември 2024

Петрески за МИА: Евентуалното намалување на каматните стапки зависи од повеќе фактори, прогнозите се дека ќе нема натамошно зголемување

Петрески за МИА: Евентуалното намалување на каматните стапки зависи од повеќе фактори, прогнозите се дека ќе нема натамошно зголемување

Скопје, 19 јануари 2024 (МИА) - Евентуалното намалување на каматните стапки зависи од тековниот развој на настаните на глобално ниво, а на домашен терен од однесувањето на инфлацијата зависно од домашните извори, вели во изјава за МИА универзитетскиот професор Марјан Петрески.

Петрески вели дека не може да прецизира кога точно би се случило тоа, но дека според информациите во дадениот момент, прогнозите се дека во претстојниот период не се очекува понатамошно зголемување на каматните стапки. Европската централна банка неколкупати досега ги зголемуваше каматните стапки, а тоа го стори и Народната банка во неколку наврати со цел да ја заузда инфлацијата, да ја држи стабилна националната валута и да не дозволи рецесија на македонската економија.  

- Логично е по остварувањето на основната цел, централните банки да преминат во следната фаза, во која веројатно постепено ќе ја намалуваат каматната стапка. Кога такво намалување би започнало не можам да кажам прецизно, бидејќи многу зависи од тековниот развој на настаните, а на домашен терен и од однесувањето на инфлацијата зависно од домашните извори. Да не заборавиме дека имаме замрзнати цени кај прехранбените производи, што е во надлежност на Владата, но потезите може да имаат импликации за тоа како монетарната власт ќе се однесува во поглед на каматната стапка, посочува Петрески.

Македонската банкарска асоцијација апелира до клиентите на банките, штедлиниците, Клириншката куќа и Македонското кредитно биро да ги ограничат посетите на експозитурите и деловните простории

Во однос на казнените каматни стапки кои пораснаа со што животот „во минус“ на некој начин стана луксуз, Петрески појаснува дека тоа е пропишано во Законот за облигациски односи каде е наведено дека на почетокот на секое полугодие таа се определува како основна  каматна стапка плус 8 процентни поени за население и 10 процентни поени за фирми. Кај задоцнетите долгови изразени во странска валута, пак, овие проценти се додаваат на Еуриборот кој е една од каматните стапки на Европската централна банка.

Истата логика е и во однос на кредитите чии каматни стапки се врзани со основната каматна стапка на Народната банка или Еуриборот. Според деловните одлуки на комерцијалните банки и прифатени договорни услови од кредитокорисникот, каматата што тој ја плаќа ќе зависи индиректно од основната каматна стапка со која кредитот е врзан.

- Ако тоа е Еуриборот, тогаш ако тој  ќе започне прв да се намалува, кредитокорисникот ќе има намалување на каматното плаќање, а при непроменета основна каматна стапка на Народната банка. Девизните кредити кај нас учествуваат со половина во вкупните кредити, така што Еуриборот всушност има еднаква улога за висината на износот што граѓаните и фирмите го плаќаат како камата, посочува Петрески.

Европската централна банка најави можно намалување на каматните стапки откако од јули 2022 година до октомври 2023 година ги зголемуваше каматните стапки за да ја спречи инфлацијата во еврозоната. 

Европската централна банка (ЕЦБ) објави серија мерки за да гарантира дека банките, кои се под нејзина директна контрола, можат да ја исполнуваат својата улога во финансирањето на реалната еко

И Народната банка во 2022 и 2023 година во 14 наврати ја зголемуваше основната каматна стапка со цел да ја заузда инфлацијата предизвикана од растот на цените и да не дозволи економијата да се втурне во стагнација и рецесија. 

Според Петрески, сега имаме стабилна ситуација, но ризиците се уште постојат имајќи ги предвид актуелните случувања на глобално ниво, особено најновата ситуација на Црвеното море, која, како што посочува, може да го поскапи транспортот на некои стоки. 

- Сега, гледаме дека инфлацијата значајно се смири, бидејќи во декември 2023 се намали на 3.6 проценти од пикот од 19.8 проценти во октомври 2022, додека економијата забави, но не е во негативната зона. Стабилни цени и стабилен девизен курс на денарот директно се одразуваат врз добросостојбата на граѓаните и врз деловните одлуки на фирмите. Значи, имаме релативно смирена ситуација, но ризиците се’ уште се на сцена, од истите извори на глобално и локално ниво, но се појавуваат и некои нови, како на пример тековниот проблем со недоволната функционалност на трговската рута низ Црвеното море, што може да го поскапи транспортот на некои стоки и така да влијае на цените, оценува Петрески во изјавата за МИА. бак/лв/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан